Авионите се произведуваат согласно договорот склучен 2018 година. Рокот за испорака на првата партија ловци на египетската страна сé уште не е точно одреден со оглед на ограничувањата поврзани со пандемијата на новиот коронавирус, пишува новинската агенција ТАСС повикувајќи се на извор во воено-дипломатските кругови.
Договорот за испорака на Египет на повеќе од дваесет ловци и муниција за нив стапи на сила кон крајот на 2018 година. Вредноста на трансакцијата е проценета на две милијарди долари.
Според мислењето на експертите, набавката на еден од најмоќните борбени авиони во светот ќе му обезбеди на Военото воздухопловство на Египет супериорност во регионот. Су-35 е тежок ловец од генерацијата 4++ кој според повеќето параметри одговара на авионите од петтата генерација и е наменет за доминација во воздухот.
Суперманеварбилноста, моќниот радар и средствата за електронско попречување го прават авионот сериозен противник за секој агресор. Споредбената анализа и виртуелните борби на Су-35 против американските F-15 и F-22 покажаа дека на голема оддалеченост за која се проектирани американските ловци рускиот авион има еднакви шанси за победа. А кога е во прашање блиска борба, рускиот ловец е ненадминат.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче