Русите смислија нов камуфлажен материјал: Воената техника речиси невидлива под снег

Komsomolskaya Pravda/Global Look Press
Руските научници развија материјал што ги апсорбира радиобрановите и може да го намали дометот на откривање воена техника зиме за три до четири пати. Изумот е заснован на нанотехнологија и подготвен за сериско производство.

Според пишувањето на новинската агенција РИА „Новости“, новиот материјал за камуфлажа на подрачја под снег е направен во холдингот „Роселектроника“ на база на влакна со наноструктурни феромагнетни микрожици.  

Материјалот има коефициент на рефлексија 0,5 отсто и апсорбира 99,5 отсто од електромагнетното зрачење на радарот, а одбиениот бран не им дозволува на радарите на противникот да го откријат и идентификуваат камуфлираниот објект. На тој начин 3,5 до 4 пати се намалува можноста за откривање на воената техника.

Покрај тоа, камуфлажата е долготрајна, отпорна на климатски влијанија во услови на ниски температури.

Неодамна командантот на 11 тенкови кавалериски полк на САД Скот Вудворт ја призна супериорноста на руските системи за радиоелектронска борба. Според неговото мислење, новите радари на РФ се во состојба да го откријат противникот без оглед на камуфлажата. Особено сензитивни се тенковите и оклопните возила опремени со активни системи за заштита од противтенковски наведувани ракети. Причина се сензорите и радарите за откривање на летечка муниција.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња