На плакатот се наоѓа советскиот јуришен авион Ил-2 кој, иако изрешетан од проектили, продолжува да лета. „Без лузни нема груба кожа и силни мускули. Хероите секогаш се носеле со таквите предизвици“, пишува на плакатот.
Last night in response to the new export controls, Huawei's domestic PR posted this photo with the caption:
— Jordan Schneider 司马乔丹 (@jordanschnyc) May 16, 2020
"without scars, you can't get rough skin and strong muscles, heroes have always faced these challenges"
As crappy as Huawei's intl PR is, domestic PR often on point. pic.twitter.com/aazDh3NDOD
„Хуавеи“ стана главна мета во трговската војна на Америка против Кина. Американските власти ја обвинија оваа компанија за финансиски малверзации, перење пари и кршење на американските санкции против Иран.
Во август 2018 година претседателот на САД Доналд Трамп им забрани на владините структури да користат опрема што ја произведува „Хуавеи“ и нејзината фирма-ќерка ZTE. САД сега се подготвуваат да го исклучат концернот од списокот на производители на чипови.
Издржливоста на бомбардерот Ил-2 за време на Втората светска војна стана легендарна. Нарекуван е „летечки тенк“ и „бетонски авион“. Леталата со десетици дупки на крилата и трупот се враќаа во своите бази каде што во текот на ноќта беа ремонтирани и наутро повторно летаа да се борат.
Тајната на неуништливоста на Ил-2 беше во оклопната капсула која ги штитеше сегментите од витална важност, кабината, моторот и резервоарот. А крилата од дуралуминиум и опашката можеа да бидат решетани колку што сакаш. Плус, авионот со тркала кои не се потполно вовлечени и оклопен труп можеше да се спушти „на стомакот“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче