Како Бугарите направија електричен автомобил од „Москвич”

Пред 50 години бугарските инженери се обидоа да конструираат електричен автомобил врз база на автомобилот „Москвич 426”. Така во 1970 година во фабриката „Балканкар Рекорд” е направен единствениот, а со самото тоа и целосно уникатен прототип на Ел-Мо-70.

Специфичноста на конструкцијата ја прави оригиналната задна осовина на која тркалата и сопирачките се во целост преземени од класичниот „Москвич 426” со мотор со внатрешно согорување. Притоа наместо диференцијал е поставен компактен електромотор со 12 коњски сили тежок 65 килограми, поврзан со полуосовините со помош на редуктор, објаснува РГ-Ауто.

Како извор на електрична енергија е користена најсовремена цинк-воздух батерија од 20 kW, тешка 420 килограми, направена 1969 година во базата на бугарската Академија на науките. На задното десно крило на Ел-Мо-70 е монтиран капакот на вентилаторот за ладење на елементите на електричниот погон.

Новата конструкција ја зголеми вкупната маса на „Москвичот“ со возач од 1065 на 1370 килограми, истовремено зголемувајќи го оптоварувањето на задната осовина, што е компензирано со поставување зајакнати задни пружини. Единствениот прототип можеше да достигне брзина до 60 километри на час и со едно полнење на батеријата сосем бесшумно да помине 240 километри.

Но, постоеше уште еден значаен недостаток. Цинк-воздух батеријата под хаубата беше скапа „потрошна роба”. Електричната енергија е добивана по пат на палење на цинкова електрода во контакт со кислород. Со самото тоа, кога батеријата ќе се истрошеше, цинковите електроди требаше да се заменаат.

Инаку, бугарската фабрика „Балканкар Рекорд” кај Пловдив е основана 1950 година. Нејзините производи до денес постојат под брендот Balkancar и тоа се првенствено електични вилушкари и тегначи.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња