Објавена забавена снимка од лансирање на ракета која пробива челична плоча дебела 1,2 метри (ВИДЕО)

Скриншот / телевизиja „Ѕвезда“
Ракетите се лансираат од посебна платформа на оклопен автомобил (модел на возилото „Тигар“ верзија ВПК-233116) како и на класичен преносен лансер што го користат пешадиските единици. Поради своите исклучително високи карактеристики во однос на пробивноста на тандем-кумулативната боева глава со калибар 152 мм, овој систем во светот се нарекува „убиец на тенкови“. Освен тенкови, може да гаѓа утврдена пешадија, како и бавнолетечки воздушни објекти.

Интересни кадри од лансирање на наведувани ракети од противтенковски ракетен систем „Корнет“ може да се видат на забавена снимка со висока резолуција што ја објави тв-каналот „Ѕвезда“.

Ракетите се лансираат од посебна платформа на оклопен автомобил (модел на возилото „Тигар“ верзија ВПК-233116) како и на класичен преносен лансер што го користат пешадиските единици. Поради своите исклучително високи карактеристики во однос на пробивноста на тандем-кумулативната боева глава со калибар 152 мм, овој систем во светот се нарекува „убиец на тенкови“. Освен тенкови, може да гаѓа утврдена пешадија, како и бавнолетечки воздушни објекти.

За разлика од притивтенковските системи од претходната генерација како што се „Фагот“, „Конкурс“ и „Метис“, наведувањето на ракетата која се истрелува од системот „Корнет“ не оди преку жица која се размотува, туку со помош на ласерски сноп. Покрај тоа, брзото лансирање на две ракети „Корнет“ врз една цел оневозможува ефикасно дејство на активните системи за оклопна заштита какви што има денес во оперативна употреба.

Во текот на минатата година во вооружувањето на единиците на ВДВ (падобранците) почнаа да влегуваат „Корнети“ опремени со термовизиски нишани. Тие се во состојба да погодат дури и воздушни цели што се движат со релативно мали брзини (до 250 м/сек.) на далечини и до 10 км, наведува веб-порталот РГ.

Врз база на оклопниот автомобил „Тигар“ (верзија ВПК-233116) е направена најновата модификација на системот „Корнет“ со ознака „Д“ (Корнет-Д). Имено, на возилото се инсталирани два носачи со по четири транспортно-лансирни контејнери (вкупно 8), на кои се наоѓаат посебни отпоелектронски уреди (Тв+Иц+ласер за одредување на далечината и наведување). Во борбениот комплет се наоѓаат уште осум вакви ракети кои многу брзо се оспособуваат за огнено дејство.

Тоа му овозможува на операторот кој се наоѓа на совозачкото место истовремено да гаѓа две потполно различни цели. Носачите на кои е интегриран оптоелектронскиот комплекс со „снопот“ ракети може да ротира за 180 степени, така што овозможува дејство во сите правци. Целиот систем е високо автоматизиран.

Со борбениот комплет од осум ракети (+ дополнителни осум) ова возило теоретски би можело да уништи дури 8/16 најсовремени тенкови кои во моментов се наоѓаат во оперативна употреба. Нивниот ефективен дострел би се движел во опсег од 8-10 километри, што е навистина респектабилна далечина со оглед на проверената ефикасност на оваа ракета. Покрај противтенковската ракета опремена со тандем-кумулативна боева глава (пробивноста на оклоп заштитен со динамичка заштита изнесува 1200-1300 мм на 10000 метри), постојат и ракети кои остваруваат термобаричен ефект на целта. Тие ракети се исклучително ефикасни против непријателската жива сила заштитена со природни и вештачки пречки.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња