Со полна брзина низ вода: БМП-2 „го уништија непријателот“ со противтенковскиот систем „Фагот“

Скриншот, телевизиja „Ѕвезда“
Руските борбени возила на пешадијата го преминаа езерото Комсомолское, а потоа ги „уништија“ целите со тешки оклопи.

Во Московската област на полигонот Алабино се одржаа специјални тактички маневри на гардиската тенковска армија на Западниот воен округ. Припадниците на војската најпрвин совладаа водена пречка: борбените возила на пешадијата БМП-2 со полна брзина го поминаа езерото Комсомолское, продолжувајќи го движењето по суво. Тоа беше прво совладување на водена пречка годинава за екипажите на овие возила.

При појавата на „непријателските“ тенкови војниците применија противтенковски ракетни системи „Фагот“ за уништување цели со тешки оклопи. Во текот на маневрите припадниците на моторизираните единици уништија преку 200 цели. Во маневрите учествуваа преку 150 војници и преку 50 единици вооружување, воена и специјална техника на Таманската моторизирана дивизија на гардиската тенковска армија на Западниот воен округ.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња