Руската воена индустрија подготви нова боева купола за оклопното возило „Бумеранг“?

„Бумеранг-17“ (К-17) со борбена купола без екипаж „Бумеранг-СМ“

„Бумеранг-17“ (К-17) со борбена купола без екипаж „Бумеранг-СМ“

Alamy
Во план е покрај унапредувањата на севкупните тактичко-технички перформанси на новата купола, истата да биде дури 2-3 пати поевтина во однос на своите конкуренти. На овој начин ВПК ќе го надмине проблемот што се јавуваше при интеграцијата на куполата од нова генерација, која во севкупната цена на комплетното возило имаше удел од астрономски 75%.

Моделот на новиот борбен модул (купола) за оклопни возила ќе биде претставен на саемот на оружје и воена техника „Армија-2020“. Тој ќе биде во состојба да се бори против непријателска жива сила, оклопни средства и нисколетечки воздушни цели на потенцијалниот непријател, пренесува веб-порталот РГ.

Ова за веб-порталот РИА „Новости“ го изјави генералниот директор на ВПК Александар Красовицки. Тој рече дека во рамките на опитно-конструкторскиот проект „Бумеранг“ се работи на конструирање на далечински управуван борбен модул. Една варијанта како основно вооружување користи митралез, додека друга е опремена со автоматски топ со спарен митралез. На овој начин компанијата развива уште една далечински управувана купола за потребите од опремување на перспективните модели на борбените оклопни средства, кои наскоро ќе се најдат во сериско производство.

Според зборовите на Красовицки, главните одлики на новата борбена купола се нејзините високи борбени способности и едноставноста на примената-експлоатацијата во однос на другите домашни и странски пандани. Во план е покрај унапредувањата на севкупните тактичко-технички перформанси на новата купола, истата да биде дури 2-3 пати поевтина во однос на своите конкуренти. На овој начин ВПК ќе го надмине проблемот што се јавуваше при интеграцијата на куполата од нова генерација, која во севкупната цена на комплетното возило имаше удел од астрономски 75%.

Комплексот вооружување ќе се состои од проверениот 30-милиметарски автоматски топ со дворедно полнење, спарен со митралез 7,62 мм. Тука ќе има уште и автоматски фрлач на гранати калибар 30 мм и два лансера со противтенковски наведувани ракети (веројатно „Корнет“ – заб. на прев.).

Исто така, куполата ќе има современ оптоелектронски уред со термовизиски канал, ласерски далечинометар, независна стабилизација на линијата на набљудување во две рамнини и современ систем за управување со огнот. Овој модул ќе може да се интегрира на различни оклопни возила – на тркала и гасеничари, како и на лесни бродови.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња