Документот се наоѓа во отворената база на податоци на Росстандарт.
Моторот „ЗМЗ Про“ со запремнина од 2,7 литри на „Пикапот“ има инјектори OMVL SL/Gemini од италијанско производство. Кога работи на бензин произведува стандардни за овој модел 150 КС со максимална сила и 235 НМ вртежен момент, но кога е во прашање метан како гориво се работи за пониски вредности, 126 КС и 196 Нм.
Варијантата со мотор на бензин и на гас ќе се произведува само со рачен менувач, така што комбинацијата со автоматскиот Punch во овој случај не е предвидена.
Фабриката за производство на автомобили од Улјановск претходно го сертифицираше патничкиот „Патриот“ на метан. Иако засега не се соопштува кога ќе се појават во продажба „Патриот“ и „Пикап“ со мотор на метан, најверојатно тоа ќе се случи во текот на наредниве неколку недели, пишува РГ.
Руската влада го популаризира метанот како автомобилско гориво од 2013 година. На општините им се даваат субвенции од федералниот буџет за купување автобуси и камиони со мотори на метан.
Инаку, метанот не треба да се меша со течниот нафтен гас пропан-бутан. Просечната цена на метанот во овој момент во Русија изнесува околу 18 рубли за метар кубен, а на пропан-бутанот 23 за литар.
Владата на Русија минатата есен го запре субвенционирањето на производството и продажбата на автомобили на метан, за во март оваа години да го обнови. До крајот на 2020 година обемот на буџетски издвојувања ќе достигне 3,3 милијарди рубли. На тој начин е планирано да се субвенционира продажбата на повеќе од осум илјади примероци возила. Најниската цена за класичниот „Пикап“ на УАЗ со мотор на бензин во моментов изнесува 907 илјади рубли (11337 евра).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче