Последните денови на април рускиот претседател Владимир Путин одлучи на Денот на Победата на 9 мај да се одржи воздухопловниот дел на програмата, со кој ќе бидат одбележани 75 години од крајот на Втората светска војна (1941-1945).
Рускиот лидер ги одложи сите други прослави, вклучувајќи го и маршот низ Москва и на Црвениот плоштад на повеќе од 14000 припадници на војската, следени со 300 единици воена техника. Нема да има ни ветерани да го следат овој настан на Црвениот плоштад, ниту други посетители во руската престолнина.
Се очекува дека воздухопловниот дел на годинешната парада да почне во 10 часот претпладне по московско време. Московјаните, како и гостите на градот, ќе можат да ги набљудуваат авионите на небото над своите глави, додека останатите заинтересирани ќе имаат можност да го следат овој настан преку веб-сајтот на руското Министерство за одбрана и јутјуб-каналот.
Се очекува во воздухопловната програма да учествуваат 75 летала.
Борбени и транспортни хеликоптери на фабриката „Мил“ ќе кружат над Црвениот плоштад, додека Ми-8С и Ми-26С ќе го започнат „воздушниот марш“. Овие метални птици ќе ги следи ескадрила модерни офанзивни хеликоптери за сите временски услови Ми-28 („Ноќни ловци”), кои можат да вршат борбени задачи летајќи со голема брзина и на многу мали висини.
Ми-8
Vitaly Timkiv/SputnikВтората „воздушна ѕверка“ на руската индустрија за хеликоптери (Ка-52 „Алигатори”) е следната ѕвезда на програмата која ќе протатне над главите на луѓето. Овие летала стекнаа завидна репутација како единствен хеликоптер способен за акробации. Во Русија Ка-52 и неговиот претходник, Ка-50 „Црна ајкула“, се избрани како хеликоптери за поддршка на специјалните сили, додека Ми-28 е главниот борбен хеликоптер на руската војска.
По нив над Москва се очекува летот на најголемиот стратешки транспортен авион на светот Ан-124 „Руслан”. Него ќе го следат А-50, авиони за радарско откривање и команда.
Најдобрите руски ловци, МиГ-29, Су-30СМ, како и Су-35С, ќе ја затворат оваа небесна парада, додека спектакуларно финале ќе изведат шест Су-25 така што на небото ќе го исцртаат руското знаме.
Да, но подоцна во текот на годината, по епидемијата на коронавирусот.
Сите 14000 одбрани војници, заедно со преку 300 единици воена техника, ќе поминат низ Москва подоцна годинава. Луѓето, како и претходните години, ќе ја следат парадата на улиците и така заедно со ветераните од Втората светска војна ќе ја прослават 75-годишнината од Победата.
Овде дознајте кога и каде ќе можете да го следите одложениот „копнен дел“ на воената парада.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче