Руски научници развија систем за дијагностицирање рак на органите за варење врз основа на анализа на воздухот што пациентот го издишува, се наведува на сајтот за набавки на државната корпорација „Росатом”.
Во развој на технологијата и организација на производството ќе бидат вложени 4,5 милиони рубли (околу 65 илјади евра).
Овој систем ќе овозможи во ран стадиум да се дијагностицираат малигни заболувања на органите за варење, а може да служи и за оценување на ефикасноста на применетата терапија. Дијагностичката метода е заснована на анализа на односот помеѓу изотопите на водород-13 и водород-12, кои се наоѓаат во воздухот што пациентот го издишува.
„Овој дијагностички метод ќе ги намали трошоците за набавка на странска опрема и потрошни материјали, а пред сé ќе го зголеми опсегот кога се работи за рана дијагностика на најраспространетите болести на органите за варење, што значително ќе ги зголеми должината и квалитетот на животот на населението“, се наведува во техничката задача.
Денес во Русија се користат системи за тестирање од странско производство. Се наведува дека Русија ги нема доволно за масовно рано дијагностицирање на широко распространетите болести на органите за варење.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче