Актуелно: „Росатом“ развива нова технологија за продолжување на животниот век на артилерските цевки

ТВ „Ѕвезда“
Нуклеарните физичари од Троицкиот институт за иновациски и термонуклеарни истражувања започнаа со работа над перспективен проект кој ќе доведе до генерирање нова технологија која е исклучително важна за потребите на руската армија. Станува збор за коаксијална магнотрона метода на третирање на внатрешноста на цевките. Методата ветува многу особено во работата со материјали со исклучително сложен хемиски состав кои и понатаму се наоѓаат во фаза на развој и кои допрва треба да влезат во употреба.

Стручњаците од Троицкиот институт за иновациски и термонуклеарни истражувања (ТРИНИТИ) работат на развој на нова технологија која драстично ќе го зголеми животниот век на артилериските цевки. Повикувајќи се на материјали од сајтот на државната корпорација „Росатом“ оваа вест ја пренесе веб-порталот РИА „Новости“. Како потенцијален нарачател на новата технологија се споменува руското Министерство за одбрана.

Научниците тргнуваат од техничката претпоставка дека традиционалните премази врз база на хром со кои се обложува внатрешноста на цевката на артилериските орудија „не се во состојба да обезбедат доволно долг животен век“. Исто така, се додава дека тенденцијата кај современото артилериско оружје е употреба на проектили со сé поголеми вредности на почетната брзина, што неизбежно ќе доведе до неопходноста од воведување на нови технолошки процедури за заштита на внатрешноста на топот, поточно развој на нов премаз кој посигурно ќе го штити оружјето.

Како квалитативна алтернатива на традиционалните модели на обложување на внатрешноста на цевките на топовите и хаубиците „Росатом“ предлага употреба на магнетрон систем за нанесување тенки слоеви (со нанодебелина), развиен од институтот ТРИНИТИ, пренесува веб-порталот РГ.

„Квалитативно најдобрата метода што ја разгледуваме е коаксијалното магнетроно обложување на металната основа затоа што на овој начин сите делови на внатрешноста на цевката многу брзо и рамномерно се третираат. Употребата на магнетрон систем овозможува употреба на облог со многу сложен состав, а исто така на овој начин се добиваат премази со исклучително голема густина“, пишува во документот.

Покрај работата на развој на технологија за перспективно обложување на внатрешноста на артилериските цевки со магнотрона метода, специјалистите на Троицкиот институт за иновациски и термонуклеарни истражувања работат и на проект за проучување на нови модели на премази кога е во прашање нивниот хемиски состав, што заедно ќе доведе до генерирање на нова технологија која е исклучително важна за потребите на руската армија.  

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња