Руската армија до крајот на годинава добива повеќе од 30 лансери од семејството „Торнадо“

Виталиј В. Кузмин/Wikipedia.org
Секторот на руската воена индустрија која произведува современи артилериски ракетни системи ќе им испорача на единиците на руската армија до крајот на оваа година повеќе од 30 единици модернизирани повеќецевни ракетни лансери (ВЛР) 9К51М „Торнадо-Г“ и 9К515 „Торнадо-С“. Ова го пренесе информативната служба на руското Министерство за одбрана. Целата зделка е веќе договорена и претставува дел од стратешката програма за државни набавки за потребите на руската армија.

„Во план е до крајот на оваа година артилериските единици на руската армија кои се опремени со повеќецевни ракетни лансери да добија повеќе од 30 ракетни системи. Во рамките на програмата за државни набавки за потребите на руската армија претпријатијата ќе испорачаат модернизирани средства „Торнадо-Г“ и „Торнадо-С“, се наведува во соопштението што го пренесува информативниот портал РИА „Новости“. Притоа се прецизира дека новата техника ќе им биде испорачана на единиците на ракетните сили и артилеријата кои се дел од Вооружените сили на Руската Федерација.

9К51М „Торнадо-Г“ е руски модернизиран повеќецевен ракетен фрлач. Основните разлики во однос на основната верзија 9К51 „Град“ се однесуваат на далеки поквалитетно решениот систем за управување со огнот поврзан со сателитска навигација и компјутер кој ги пресметува балистичките влезни податоци за гагање, што овозможува значително скратување на подготовката за напад која се одвива во автоматски режим на работа. Модернизираното орудие 9К51М „Торнадо-Г“ ќе добие и нова муниција со калибар 122 мм, која е дури 6-10 пати поефикасна во однос на стандардните ракети 9М22У кои ги користи овој систем. Вкупно се направени три типа муниција за модернизираниот ВБР 9К51М „Торнадо-Г“. Моделите на новата муниција беа претставени на саемот на вооружување и воена опрема „Армија-2018“.

„Торнадо-С“ претставува длабока модернизација на ПРЛ „Смерч“ со калибар 300 мм. Главниот новитет имплементиран на овој систем, а кој неговиот претходник го немаше, е автоматизираниот систем за управување со огнот. Лансирната единица добива информација за целите преку заштитени канали за врска, според која компјутерот ги пресметува сите потребни балистички параметри и автоматски го насочува огнот врз целта. Овој систем може и самостојно да ги открива своите цели. За таа цел, за него е развиена специјална ракета 9M534, која во себе има беспилотно извидувачко летало. Оваа ракета со интегриран дрон може да одлета на растојание од неколку десетици километри, од каде што во реално време испраќа податоци до командниот пункт врз основа на кои веднаш се внесуваат новите елементи за стрелба. За 20 минути лет беспилотното летало може детално да пребара подрачје со површина од 25 км2.

Покрај овој новитет, во борбениот арсенал на ПРЛ „Торнадо-С“ ќе се наоѓа и високопрецизна ракетна муниција. Ова ќе овозможи една лансирна единица истовремено да нападне и до осум различни цели. Треба да се нагласи дека дострелот на ова орудие значително е зголемен во однос на ПРЛ „Смерч“ и дека наместо 90 км сега изнесува 120 км. Во перспектива се планира ракетите лансирани од ова орудие да остварат ефективен дострел и до 200 км.

Подобрени се и многу функции кои се однесуваат на брзината на премин од маршовска во борбена позиција и обратно, а значително е скратено и времето на полнење на орудието со нови ракети. Екипажот кој го опслужува орудието се состои од тројца војници кои при дејствувањето не мораат да го напуштаат борбеното лансирно средство.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња