Две тактички групи бродови во чиј состав беа ракетниот крстосувач „Варјаг“, разурнувачот „Бистри“, како и големите противподморнички бродови „Адмирал Трибуц“ и „Адмирал Пантелеев“ изведоа гаѓање на крајбрежни цели од бродските автоматски топови АК-130 и АК-100.
Метите имитираа објекти и техника на условниот непријател, соопштува одделението на службата за односи со јавноста на Источниот воен округ за Тихоокеанската флота.
Бродските системи на противвоздухопловната одбрана открија и гаѓаа цели кои симулираа лет на противбродски крстосувачки ракети.
Во одбивањето на нападот, гардискиот ракетен крстосувач „Варјаг“ го примени ПВО-системот „Оса“. Големите противподморнички бродови ги користеа противавионските ракети на системот „Кинжал“, а разурнувачот „Бистри“ шестцевните автоматски артилериски системи АК-630М калибар 30 мм.
„Бистри“ е 11 разурнувач од проектот 956 „Сарич“, а во состав на флотата се наоѓа од 1989 година. Изграден е 1985 година во Ленинград, спуштен е во вода 1987 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче