За моделот малотонажни товарни возила ГАЗель Next сега се достапни предно воздушно перниче за возачот и нови појаси за врзување. Со доплата можат да се нарачаат воздушни перничиња за два патника.
ГАЗель Next претрпе и други измени. Меѓу другото, инструмент-таблата е модернизирана, а доби и блок за управување со системите за безбедност и мултифункционален комутатор, додека воланот е унапреден.
Засега воздушните перничиња се вклучени во основниот комплет на возилото, а потоа ќе бидат воведени и кај останатите верзии на моделот. Прес-службата на Горковскиот автомобилски завод соопшти дека унапредената верзија на ГАЗель Next поминала неколку циклуси тестирања, вклучувајќи и краш-тестови при различни брзини, тестови за избегнување на лажно активирање на системот за пасивна безбедност, како и проверка на работата во услови на високи и ниски температури.
ГАЗель Next со воздушно перниче беше претставен уште пред две години на саемот на автомобили во Хановер. Комерцијалните возила за извоз исто така имаа електричен систем за динамична стабилизација и турбо-дизел мотор „Фолксваген“ од два литра со моќност од 136 коњски сили.
Во Русија ГАЗель Next има турбо-дизел мотор со 120 коњски сили, бензински мотор или комбиниран мотор (на бензин и гас) со 106 коњски сили.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче