„Национален Интерес“ го оцени проектот на џиновскиот советски авион К-7

„Калинин“ К-7, супертешкиот советски бомбардер.

„Калинин“ К-7, супертешкиот советски бомбардер.

Википедија
Експерименталниот џиновски авион К-7 првпат полета во август 1933 година. Советскиот Сојуз со тоа недвосмислено ја покажа својата способност да конструира и произведува иновативни летала, иако во голема мера и понатаму зависеше од странски технологии.

До таков заклучок доаѓа аналитичарот на американскиот весник „Национален Интерес“ Кејлеб Ларсон.

К-7 е направен во Харковската фабрика за авиони под раководство на конструкторот Константин Калинин. Калинин дојде на револуционерна идеја да ја примени принципиелно новата схема на „летечко крило“. Распонот изнесуваше 53 метри, а висината преку два метра. Целиот полезен товар се наоѓаше во крилата. Цивилната верзија на К-7 во зависност од внатрешниот распоред можеше да прими 128 или 64 патници (во луксузни кабини). Исто така, беа предвидени бифе, кујна и кабина за радиоврска.

Треба да се истакне дека К-7 е замислен и како десантен авион и како бомбардер. Можеше да прими 112 падобранци, а беше разгледувана и варијанта за десантирање на тенкови кои теоретски би можеле да се прицврстат меѓу масивните носачи на тркалата.

Вкупната борбена носивост изнесуваше 16,6 тони. Опремата за бомбардирање исто така се наоѓаше во крилото. Од одбранбено вооружување авионот имаше осум топови калибар 20 мм и осум митралези калибар 7,62 мм.

Дизајнот не беше единствената иновација во авионот. Материјалите од кои беше направен исто така беа уникатни, истакнува авторот на статијата. На пример, носечката конструкција е направена од хром-молибден цевки кои тогаш првпат беа применети во советската авионска индустрија. Машината тешка неколку тони леташе со помош на седум елисни мотори.

К-7 не беше пуштен во сериско производство. Судбината на овој револуционерен изум ја запечати авионска несреќа во ноември 1933 година, кога загинаа 15 луѓе од вкупно 20 колку што имаше во авионот. Подоцна беа запрени работите на создавање на тешкиот транспортен авион.

Прочитајте повеќе за „Калинин К-7“: Летечкиот советски „Титаник“

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња