ВИДЕО: ударен руски авион Ил-38 пролета покрај американскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“

Youtube
На интернет-мрежата се појави видео, снимено од противподморнички авион Ил-38 од составот на Тихоокеанската флота (ТОФ). Имено, на овој авион му појде од рака незабележително да му се прикраде на американскиот носач на авиони на нуклеарен погон „Џорџ Вашингтон“ и под „задоцнета“ придружба на американски ловци F/A-18 „Хорнет“ да пролета непосредно покрај стратешкото пловило на ВМ на САД.

Според пишувањето на веб-порталот РГ, американските ловци го детектирале рускиот авион Ил-38 на далечина од само 30 км од бродот, што во воздушни размери не значи практично ништо. Во текот на операцијата на пресретнување и следење на рускиот авион американските пилоти се однесувале професионално и со своите маневри не го загрозувале рускиот екипаж.

Бродовите на американската воена морнарица го детектирале рускиот авион на само 30 км далечина, што според поморски мерила е практично „на дофат на раката“. Ова растојание стандардна суперсонична противбродска ракета може да го совлада за петнаесетина секунди, што не остава многу време за реакција. Од видеоматеријалот може да се види дека Ил-38 го следат три авиони-ловци (2 F/A-18 „Хорнет“ и еден F-15) кои полетале од носачот на авиони „Џорџ Вашингтон“. Тие биле наоружани главно со ракети од класата „воздух-воздух“ со краток дострел, опремени со серакурсни самонаведувачки боеви глави. Судејќи според ознаките, двата ловци F/A-18 „Хорнет“ полетале од американскиот носач на авиони, додека F-15 долетал од аеродром кој се наоѓа на територијата на Јапонија.

Ил-38 е воена варијанта на патничкиот авион Ил-18 кој својот прв лет го изврши уште во далечната 1961 година. Тој тогаш беше опремен со нишанско-навигациски систем „Беркут“. Главната задача на авионот Ил-38 е патролирање над територијалните води по должината на рускиот брег во потрага по противнички подморници. Според идејата на неговите конструктори, овој авион има способност да открие непријателска подводна цел и да ја уништи со употреба на торпедно вооружување. Но, уште тогаш се воочени сериозни недостатоци кај нишанско-навигацискиот систем „Беркут“ кој беше оспособен само за потрага по подморниците. Американскиот еквивалент Р-3С Орион, можеше да се спротивстави и на подморници и на површински бродови, како и да врши патролирање и радарско извидување на океан. Мораа да поминат децении да се дојде до сериозен пакет модернизација за овој авион.

И конечно, на почетокот на новиот век беше претставена длабоко модернизираната верзија на авионот Ил-38Н „Новела“ која по комплексните технички испитувања влезе во вооружувањето на руската армија (од 2005 година). Таа се состои од интеграција на сосема нов офанзивно-навигациски систем „Новела“. Според конструкторот, системот „Новела“ е во состојба да открие воздушни цели на растојание од 90 километри, а надводни до 320 километри. Притоа системот истовремено следи 32 цели кои се наоѓаат над и под водата. Се користи за вршење радарски мониторинг во три зони (подводна, површинска и воздушна), како и за насочување на личното вооружување, но и на останати воздухопловно-поморски сили кон целта. Системот обединува дигитален компјутер со пунктови за управување за двајца оператери. Пунктовите се опремени со ЛЦД-индикатори, а пунктот на командирот е снабден со голем монитор. Еден модернизиран авион може да извршува задачи на површина која е четирикратно поголема од претходниот оперативен радиус што го покриваше авионот Ил-38.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња