Како што пренесуваат од руското Министерство за одбрана, фронтовски бомбардери Су-24 и повеќенаменски Су-30СМ во акваторијата на Балтичкото море увежбуваа борба со поморски борбени ефективи на условниот непријател. Притоа тие употребуваа ракетно противбродско оружје од класата „воздух-вода“, пренесува веб-порталот РГ.
Обезбедувањето на оваа вежба на себе го презедоа авиони-ловци Су-27. Откако радарско-набљудувачките капацитети идентификуваа непознат летечки објект како се приближува до зоната на изведување на вежбата, популарните „фланкери“ тргнаа во негово пресретнување.
Наскоро се покажа дека се работи за авион-ловец F-16, кој на своите поткрилни носачи носел дополнителни резервоари со гориво и најмалку две ракети од класата „воздух-воздух“. Од видеоматеријалот може да се види дека руските авиони-ловци со голема брзина му се приближуваат на „натрапникот“, го опколуваат од предната и задната страна и тргнуваат во негово безбедно придружување. Не поминува многу време, а белгискиот авион го менува својот дотогашен курс на летање и се оддалечува од руските граници. Потоа Су-27 се враќаат во својата зона на патролирање и продолжуваат со главната задача за обезбедување на воената вежба.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче