Путин: Автомобилската индустрија треба да биде носител на заздравувањето на руската економија

Reuters
Според мислењето на рускиот претседател, производството на моторни возила веќе има искуство во надминувањето на кризните ситуации во економијата, вклучувајќи го и искуството од 2008-2009 година.

„Како и градежништвото, автомобилската индустрија може да биде еден од основните носечки сектори во обновата на целата економија“, рече шефот на руската држава на советувањето за ситуацијата во руската автомобилска индустрија.

Денес е потребно да се дефинираат конкретни параметри за поддршка на автомобилската индустрија во земјата, смета рускиот лидер. Така, на пример, тој веќе им забрани на државните компании да купуваат странски лимузини и им наложи да изберат домашни модели, пренесува ТАСС.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња