Сведок на опсадата на Ленинград, деведесет и тригодишната Ана Богданова, која цел живот, како што вели, се трудела да им помага на луѓето, а шиењето отсекогаш ѝ било пасија, среде пандемијата на новиот коронавирус одлучи да почне да шие заштитни маски штом слушнала на радио и телевизија дека се повеќе од потребни.
По војната Ана Богданова им помагала на мајка си и сестра си во шиењето, а потоа речиси четвртина век шиела и ги облекувала колегите од Михаиловската воена артилериска академија. Во станот во Домот-интернат за воени и ветерани на трудот живее од 2012 година, каде што и донела електрична машина за шиење.
На радио и телевизија слушнала дека на луѓето им се потребни заштитни маски. „Цел живот им помагав на луѓето. Машината за шиење ми е одмор, дури и кога имаше проблеми, оставав сé и седнував на машината“, изјави 93-годишната Ана Богданова.
Маските ги шие секојдневно, засега за станарите и вработените во интернатот. Досега има сошиено преку сто парчиња.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.