Инцидентот се случи во воената база Косеј што се наоѓа во близина на главниот град Нџамена, пишува Mars.online. Имено, при подготовката за лет дојде до случајно лансирање на ненаведувана ракета (веројатно се работи за проектил С-8). Во тој момент јуришникот Су-25 се наоѓаше на пред воено-транспортен авион Ц-130 „Херкулес“, кој според некои информации е од составот на француското воено воздухопловство.
Ракетата проби цистерна за полнење гориво кој го довршуваше танкирањето на воено-транспортниот авион Ц-130 „Херкулес“ и се „заби“ во станбен комплекс кој се наоѓа во непосредна близина на аеродромот. Инаку, во тие згради живеат семејствата на високите офицери кои службуваат на овој аеродром, како и припадниците на гардата која го чува претседателот на државата.
Тежак инцидент у Чаду: јуришник Су-25 испалио невођену ракету док је стајао на писти
— Marsonline (@gvozdenavolja) April 21, 2020
>За време припреме за лет дошло је до опаљења невођеног ракетног зрна које је погодило оближу зграду. У инциденту је страдало најмање 14 људи, од чега је 4 подлегло повредама. pic.twitter.com/KSKTEG5jNz
Последните податоци велат дека притоа загинале четири лица, од кои две малолетни. Уште десетина луѓе се здобија со рани поради експлозијата на разорно-фрагментарната боева глава со која е опремено ненаведуваното ракетно зрно. Истрагата за овој инцидент е во тек.
Инаку, ВВ на Чад во својот состав има една ескадрила Су-25 со десет летала. Од нив, два авиони се школско-борбени (двоседи) Су-25УБ. Оваа земја пред десетина години ги набави овие летала од Украина. Тие беа употребени во мај 2009 година при нападот врз една колона бунтовници која се обиде да влезе во чад од соседен Судан. Во тој момент со овие авиони првенствено управуваа украински пилоти.
Су-25 е советски/руски јуришен бомбардер, наменет за непосредна огнена поддршка на копнените трупи на земја. Се одликува со голема подвижност, силно вооружување и оклопна заштита на трупот на леталото која неретко може да издржи погодок на граната истрелана од противавиониски топови, како и на ПА ракета.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче