Почна со работа новата ковид болница во Москва, изградена за месец дена

Пресс-служба мэра и правительства Москвы / Максим Мишин
Инфективната болница во населбата Вороновское во Нова Москва, која беше изградена за само еден месец, почна да прима пациенти со инфекција од коронавирус, соопшти канцеларијата на градоначалникот на Москва.

„Во текот на 24 часа во болницата пристигнаа 20 пациенти... Денес започнаа со работа 500 вработени, а продолжуваме со прием на стручњаци“, соопшти Сергеј Перехидов, главен лекар на градската клиничка болница бр.68 „В. П. Демихов”. 

Се наведува дека болницата има сé што е потребно. За неа се набавени 26 илјади единици медицинска опрема и мебел, како и заштитни одела за персоналот.

„Болницата се наоѓа далеку од центарот на градот. Затоа за персоналот на територијата на комплексот се изградени комфорни сместувачки капацитети. Тоа им овозможува на лекарите да не губат време на заминување дома и враќање. Во зградата во еднокреветни и двокреветни соби ќе бидат сместени околу 1300 лица“, се наведува во соопштението.

Изградбата на инфективната болница со користење на конструкции за брза изградба започна на 12 март. Болницата е отворена на 17 април. Ќе прима само заболени од коронавирус, а по пандемијата тоа ќе биде стационар и лекување различни видови инфекции.

Вкупно се подигнати 50 приземни објекти и 14 секции еднокатно-двокатни објекти за сместување на персоналот на површина од 40 хектари. За болницата вкупно се набавени околу 100 единици опрема, вклучувајќи преку 26,7 илјади единици медицинска опрема и мебел, како и заштитни одела за персоналот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња