Рускиот специјалист за патолошка анатомија и клинички фармаколог Александар Едигер објасни какви промени се случуваат во белите дробови на заразените со коронавирус. Тој смета дека лекарите во тој случај немаат работа со воспаление на белите дробови.
„Тоа не е воспаление на белите дробови... Станува збор за специфично оштетување на белите дробови. Овој вирус ни приреди еден куп изненадувања“, изјави рускиот лекар.
Како што објаснува Едигер, воспаление на белите дробови предизвикуваат микробен или микробно-вирусен патоген. Притоа процесот на воспаление на белите дробови е временски ограничен и ретко има смртен исход.
Меѓутоа, кај инфицираните со коронавирус се забележува генерално оштетување на ѕидовите на крвните садови и ќелиите на крвта, а белите дробови не се „први на мета“. „Погодени се рецепторите кои не се наоѓаат само во белите дробови, ами и во крвните садови и во системот на органите за варење“, објаснува специјалистот по патолошка анатомија.
Тој потсети и на заклучоците од истражувањата во Кина кои утврдија дека коронавирусот го погодува хемоглобинот во еритроцитите, поради што кај болниот се јавува хипоксичен синдром.
Претходно беше објавено дека во последниве 24 часа во Русија се регистрирани речиси 3.500 нови случаи на инфекција со коронавирус во 78 региони од земјата. Најголем број од нив се во Москва (1.370). Така, вкупниот број инфицирани во Русија од почетокот на епидемијата достигна 27.938 лица. Досега починаа 232 лица, а закрепнаа 2.304.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче