Руски специјалист за инфективни болести: Врвот на епидемијата COVID-19 во Русија ќе биде налето

Дмитриј Голубович/Global Look Press
Професорот, доктор на медицински науки, специјалист за инфективни болести Николај Малишев наведе кога во Русија се очекува кулминација на епидемијата на коронавирусот.

Според мислењето на Малишев, кулминација на епидемијата ќе се случи во првите два летни месеца, а потоа ќе почне да се намалува бројот на заболените.

Докторот на медицински науки Николај Малишев, специјалист за инфективни болести, изјави: „Повеќето експерти се согласуваат дека кулминацијата ќе биде во јуни или јули. Цифрите не треба да нé плашат, колку и да се значајни. Секој ден бројот на заболените ќе биде сé поголем, бројот на починати, за жал, исто така ќе биде во пораст“,

Малишев ја спомена и инфекцијата на коронавирусот која поминува без симптоми. Според него, такви пациенти има од 10 до 30%, а некаде дури и 50%. Професорот е уверен дека зголемувањето на бројот на заболени не е лошо нешто. Според него, вакцината против COVID-19 ќе се појави за најмалку година и половина по пронаоѓањето.

Во Русија се извршени 1,61 милиони тестирања на коронавирус. Во текот на последните 24 часа се потврдени 3448 случаи на зараза и со тоа нивниот вкупен број во Русија достигна 27938. Исто така, во текот на последните 24 часа во Русија починаа 34 пациенти со коронавирус, а од почетокот на ширењето на инфекцијата вкупно 232 лица.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња