Русија има намера тројно да го зголеми производството на патнички автомобили

Global Look Press

Русија планира за 15 години, односно до 2035 година, речиси тројно да го зголеми производството на патнички автомобили, се наведува во „Консолидираната стратегија за развој на преработувачката индустрија на Русија“, пренесуваат руските медиуми кои имаа увид во документот.

Овој документ го најави Денис Мантуров, министер за индустрија и трговија на РФ.

Како што се наведува во делот посветен на „приоритетните правци на развој на автомобилската индустрија“ во РФ за 15 години ќе се произведуваат 4,22 милиони патнички автомобили годишно. Во текот на минатата година беа произведени 1,5 милиони,

Притоа планираното годишно производство на патнички и комерцијални автомобили ќе изнесува 370 илјади (во однос на 118,5 илјади во 2019 г.), на товарни 191,46 илјади (минатата година беше под 155,3 илјади), а на автобуси 31,66 илјади.

Се планира, исто така, замена на увозната опрема за автоиндустријата со домашна, со удел од 65 отсто до 2035 година. Минатата година тој удел изнесуваше 61,3 отсто.

Во меѓувреме, најголемите автомобилски фабрики во Русија го продолжуваат производството. Тоа се претпријатија клучни за животот на одделни градови, од кои зависи економијата не само на градот, туку и на регионот во целина.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња