Турски медиуми: во Сибир изведено боево гаѓање од системи С-400 во кое се соборени хиперсонични цели

Григориј Сисоев/Sputnik
Денес, кога потенцијалните убојни средства на непријателот достигнаа хиперсонични брзини, се појави потреба за реконфигурација на доктрината на употреба на ПВО/ПРО единиците, која вклучува понатамошен развој на процесот на обука. Во врска со тоа Русија потпирајќи се на клучната девиза која гласи „добра обука се остварува единствено во услови кои се максимално приближени на реалните борбени ситуации“ конструираше нова интелектуална ракета-имитатор со хиперсонични карактеристики „Фаворит-РМ“.

При пишувањето на оваа тема се наведува изјавата во која се вели: „Во текот на реализацијата на вежбата со боево гаѓање се уништени преку десет цели кои се состоеја од ракети-имитатори „Армавир“ и интелектуални („паметни“) хиперсонични ракети-имитатори „Фаворит“. Сите овие цели беа соборени“, пренесува веб-порталот inosmi.ru.

С-400 „Триумф“ спаѓа во модерни ракетни системи со среден и голем радиус на дејство, усвоен во вооружувањето на руската армија 2007 година. Неговата основна намена е борба против авиони, крстосувачки и балистички ракети. Овој систем може да се употреби и за напад врз копнени цели. С-400 „Триумф“ е во состојба да пресретне аеродинамична цел на далечина и до 400 км која се движи на максимална висина од 30-35 илјади метри. Овој систем е во состојба во услови на интензивно огнено дејство на непријателот, вклучувајќи и силно попречување во електромагнетниот спектар, да ги оствари исклучително високите барања кои се поставуваат пред најсовремените видови противвоздухопловно оружје.

Денес, кога потенцијалните убојни средства на непријателот достигнаа хиперсонични брзини на движење, се појави потреба за реконфигурација на доктрината на употреба на ПВО/ПРО единиците, која вклучува понатамошен развој на процесот на обука. Во врска со тоа Русија потпирајќи се на клучната девиза која гласи „добра обука се остварува единствено во услови кои се максимално приближени на реалните борбени ситуации“  конструираше нова интелектуална ракета-имитатор со хиперсонични карактеристики со ознака „Фаворит-РМ“. Турски веб-портал во свој текст особено се осврна на „паметната“ хиперсонична ракета-имитатор „Фаворит“.  

Хиперсоничниот интелектуален имитатор „Фаворит-РМ“ е развиен врз  база на ракетата 5В55 што ја употребуваа ракетните ПВО-системи ПВО системи С-300. Од неа е отстранета боевата глава со системот за наведување, а наместо овие компоненти е интегрирана специјална опрема која имитира цел, со телеметриски системи и сегмент за управување.  

Како што соопштува C4Defence, новиот систем се состои од транспортно-лансирна единица на системот С-300ПС кој овозможува истовремено лансирање до 16 вакви ракети-имитатори. Со тоа се обезбедува исклучително висок интензитет на боевата вежба, која според некои стандарди дури ги надминува и ситуациите што се јавуваат при борбена експлоатација на ракетниот систем С-400 „Триумф“.

Благодарение на ракетниот мотор кој ја движи ракетата-имитатор „Фаворит-РМ“, таа може да се движи во широк дијапазон на висини и брзини и на тој начин да претставува разни цели како хеликоптери, авиони-ловци, беспилотни летала, крстосувачки ракети. „Фаворит-РМ“ е во состојба за многу кратко време да достигне брзина од 7 илјади километри на час. Благодарение на високите летечко-технички карактеристики овој имитатор може да симулира напад на убојни средства кои се движат со хиперсонични брзини, поточно на оружје од новата генерација.

Новиот систем овозможува реализација на методолошките барања кои се јавуваат во обуката во целосен формат. Благодарение на електронската опрема која се наоѓа во состав на ракетата-имитатор „Фаворит“-РМ“, сите податоци во реално време се пренесуваат преку копнениот пункт за управување кој ги следи сите параметри на летото од лансирањето па сé до моментот на пресретнувањето, вклучувајќи и детална анализа на сите тие податоци.

Рускиот противвоздушен систем С-400 „Триумф“ е наменет за борба против сите современи и перспективни средства на воздушно-космичкото оружје. Неговиот максимален хоризонтален дострел е околу 400 км (ракета 40Н6Е), додека во височина дејствува и до 35 км.

Формациски, во рамките на еден дивизион најчесто има 2-3 батерии на овој систем, со вкупно 8-12 транспортно-лансирни единици. Значи, еден дивизион во својот состав има 48 ракети подготвени за моментално дејство. Цел ракетен полк хипотетички може да нападне 96 непријателски воздушни цели во оперативен борбен радиус до 400 км.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња