Руски научници пронајдоа метод за откривање на Ковид-19 без тестови

Keystone Press Agency/Global Look Press
Руските научници осмислија метода за дијагностицирање на новиот коронавирус без примена на тестови. За таа цел се потребни податоци од термовизиски камери и рендгенска снимка на пациентот, што е доволно за да се детектира болеста во организмот.

Новиот дијагностички метод е развиен во Институтот за компјутерски технологии на Сибирското одделение на Руската академија на науки. Ова за новинската агенција ТАСС го изјави Олга Дорохина, секретар на работната група за сузбивање на инфекцијата на новиот коронавирус при СО на РАН.
Термовизиските камери го регистрираат топлотното зрачење на телото во инфрацрвен опсег. Стручњаците се залагаат за комбинирање на тие податоци со рендгенографските, како и со „автоматско мапирање на органите врз база на контурите на рендгенската снимка“.

Методата е наречена „интегрирана термо и рендгенографска функционална дијагностика за создавање прогностичко сценарио на компликации кај Ковид-19“, прецизира Дорохова.
За поставување на дијагноза на лекарите технички ќе им бидат потребни рендгенски апарат, персонален компјутер и мобилна термовизиска камера. Овие уреди се произведуваат во Новосибирскиот институт за физика на полупроводници на СО на РАН.

Системот можат да го користат сите медицински работници без оглед на квалификацијата. Научниците го развија методот имајќи ги предвид индексот на масата и процентот на телесни масти кои се од важност за корекција на параметрите на дијагностиката.

Научниците развија и инфрацрвени камери со мали димензии со висока резолуција и чувствителност. Тие се компатибилни со паметни телефони.

Пред почетокот на примената во пракса новата дијагностичка метода мора да се тестира, а потоа мора да добие дозвола за користење. Како што наведе Дорохова, таа изискува мали финансиски средства кои ќе бидат искористени за доработка на софтверот.

Во Русија за изминативе 24 часа се регистрирани повеќе од 2500 случаи на зараза со новиот коронавирус. Вкупно се заразени 18328 лица.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња