„Воено-индустриската компанија“ (Военно-промышленная компания-ВПК) го направи првото руско теренско возило на гасеници за евакуација на болни кое има вграден апарат за вештачка вентилација на бели дробови.
„Компанијата направи медицинска варијанта на теренското возило „Ирбис“ на гасеници кое служи за движење по снег и мочуриште и го снабди со опрема за интензивна нега. Возилото има вграден респиратор“, соопштуваат од оваа компанија.
Претставниците на ВПК истакнуваат дека медицинските работници можат да им укажуваат помош на болните додека возилото е во движење. „Медицинскиот „Ирбис“ може да се применува без какви било ограничувања на мочурлив терен, кога патиштата се непроодни поради топењето на снегот или кога се завеани со навеви, како и на тло со слаба носивост“, соопштуваат од ВПК.
Како што нагласуваат од компанијата, работата над медицинскиот теренец „Ирбис“ е завршена. „Возилото за снег и мочуришта е подготвено за сериско производство“, истакнуваат од компанијата.
Според податоците на производителот – „Заволшката фабрика за гасенични тегначи“ – масата на теренското возило „Ирбис“ изнесува 5000 кг, а масата на полезниот товар е 2000 кг. Во медицинската варијанта возилото може да прими еден лежечки или четири седечки пациенти. На асфалт „Ирбис“ развива брзина од 60 км/ч, а во вода 5-6 км/ч.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче