На повидок нова, многу моќна заштитна опрема за руските пилоти

Александар Черних/Global Look Press
Научниот центар на Министерството за одбрана на РФ засега не изнесува во јавност детали за овој проект.

Научноистражувачкиот експерименталeн центар за авијациско-космичка медицина и воена ергономија на Министерството за одбрана на РФ прави нова заштитна опрема за пилотите користејќи современи материјали и технологии. Ова го соопшти началникот на Центарот, доктор на медицина и виш научен соработник, полковник на медицинската служба Игор Ждањко.

Оваа установа навршува 85 години од постоењето. Стручњаците на Центарот дадоа свој придонес, меѓу другото, и за подготовката на вселенскиот лет на песот по име Лајка – првото живо суштество испратено во вселената, а учествуваа и во подготовката на летот на Гагарин.

„Денес во просториите на нашиот центар се работи на создавање нова заштитна опрема на пилотите со примена на современи материјали и технологии со нова генерација системи за вентилација“, рече Ждањко во интервјуто објавено во понеделникот, 13 април, во весникот „Краснаја звезда“. Тој не откри детали поврзани со новиот проект.

Според него, сега колективот на оваа организација ги насочил напорите кон решавање на клучните прашања на заштитата и обезбедувањето на борбената готовност во модернизираните и перспективните воени авиони „Целта е да се образложат начините и формулираат стандардите за средствата за заштита на пилотите од влијанието на динамичките оптоварувања кои дејствуваат во различни правци во текот на маневрирањето во борбата. Тоа е поврзано со веројатноста од губење на свеста и повреда на ‘рбетот, како и со зголемената опасност од техничките проблеми и намалувањето на ефикасноста во борба“, истакна полковникот на медицинската служба.

Тој прецизираше дека истражувањата се вршат во стационарната лабораториска база на Центарот која содржи уникатни системи за симулација на авиони и хеликоптери, како и уреди кои имитираат различни фактори на лет. Меѓу нив има центрифуга, барокомора и глува комора.  

Исто така, се вршат и обемни истражувања во летови на авиони и хеликоптери опремени со соодветна апаратура.

Психофизиолошки истражувања

Ждањко соопшти дека стручњаците на Центарот ги усовршиле и се подготвени да ги применат во пракса методите на специјална психофизиолошка подготовка на пилотите со цел подигање на отпорноста на факторите на летот и конкретно на големи и долготрајни динамични оптоварувања. „Со таа цел во соработка со индустриските претпријатија се направени нови специјални уреди како што се „КПТ-Э“ и „Статоергометар“, рече тој.

Според зборовите на началникот на Центарот, во оваа организација се направени четири генерации на најдобриот на светот систем за катапултирање. Усовршен е и системот за заштита на хеликоптери од удари. „Направени се и се користат системи кои немаат пандан во светот а се поврзани за безбедноста на атерирањето на борбени десантни возила со екипаж“, истакна Ждањко.

Проблемот над кој работат стручњаците на оваа организација е и усовршување на медицинското контролирање на динамиката на здравствената состојба, физиолошките и психофизиолошките резерви на човечкиот организам за време на вежбовно-борбени подготовки.

Ждањко нагласи дека за стручњаците човечкиот фактор во авијацијата и понатаму е еден од најсложените проблеми. „Техничките карактеристики на леталата неизбежно ќе се подобруваат, додека психофизиолошките можности на човекот ќе останат практично на исто ниво. Работата на Центарот наредниве години ќе биде насочена кон комплексно решавање на тие важни проблеми“, додаде тој.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња