Како изгледа луксузниот кабриолет Аурус произведен за приватен купувач (ВИДЕО)

MIT Russia/Twitter.com
На Интернет се појави снимка на која може да се види како изгледа однатре и однадвор луксузниот руски кабриолет од марката Аурус кој е произведен по приватна порачка.

За разлика од црните парадни автомобили Аурус кои досега имавме можност да ги видиме, овој „цивилен“ примерок има сина боја.

Каросеријата има две врати, а направен е на база на седанот Аурус Сенат С600, па затоа има и слични димензии. А, тоа значи дека должината изнесува над 5.6 метри. Автомобилот е опремен со подвижен платнен покрив кој може да се расклопи за 30 секунди. Во внатрешноста по добриот дизајн во очи паѓаат панелите од природно дрво и кожа со беж боја. Авторот на снимката тврди дека предните седишта се позајмени од кабриолетот Бе-Ем-Ве серија 6, како и од некои решенија од Шевролет и го нагласува отсуството на централната рачка.

Според техничките карактеристики кабриолетот е идентичен со седанот и лимузината Аурус Сенат. Станува збор за 4.4.-литарски бензински атмосферски мотор В8 кој работи заедно со мал електричен мотор, деветобрзински автоматски менувач и полн погон. Агрегатите вкупно даваат 600 коњски сили и 880 ХМ обртен момент.

Кон крајот на август минатата година во Москва е отворен и првиот изложбено-продажен салон на автомобили од марката Аурус кога и беше кажано колку ќе чини седанот С600. Цената на возилото со основниот пакет опрема изнесува 18 милиони рубли или околу 220 илјади евра.

Во семејството луксузни автомобили Аурус во полн состав ќе бидат вклучени седанот С600, лимузината Л700, минивенот Арсенал, теренското возило Комендант, кабриолет, мотоцикл и хеликоптер. Како што се наведува може да се појави и купе. Сериското производство на автомобилите од марката Аурус ќе започне идната година во фабриката Солетс во Елабуга. Во овој момент се произведува по парче во рамките на Научно-истражувачкиот автомобилски и автомото институт (НАМИ) во Москва. Освен пласманот на рускиот пазар, се планира и извоз во странство.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња