Постариот снајперист на извидувачката чета на Уљјановската посебна гардиска офанзивна бригада, со кој разговараше новинарот на телевизијата „Звезда“ се вика Алексеј. Снајперист е веќе 27 години, повеќе пати има учествувано во огнени битки и има добиено Орден за храброст уште во Првата војна во Чеченија.
Алексеј вели дека не планирал да стане снајперист, сакал да биде падобранец, но не бил доволно висок за ВДВ. Во внатрешните сили за специјални намени ја провериле неговата психофизичка кондиција и стрелачките способности, па го испратиле во школа за снајперисти. Набрзо дошол и декември 1994 година, Чеченија, нападот на Грозни.
„Тука паднаа првите жртви... Тогаш станавме внимателни и сфативме дека тоа не се воени вежби, дека не снимаме филм, дека навистина можат да нè убијат. И не беше тешко првпат да се повлече орозот. Во војна брзо учиш и брзо растеш“.
Претставниците на оваа професија, вели Алексеј, немаат возбудливи приказни за војната. Задачата на професионалецот е да испука понекогаш еден куршум, но тој куршум може да го реши исходот на целата битка. Според него, снајперист не е само прекрасен стрелец: тоа е борец кој размислува и набљудува, негова задача е да ја избере вистинската положба, да го процени теренот и да ги пресмета сите свои потези однапред.
Снајперистот мора да биде пред сè издржлив, вели Алексеј, смирен и внимателен. „Можете да поминете неколку дена додека ја чекате вашата цел“.
Тој се сеќава дека во Грозни два дена лежел на покрив на зграда без храна и без можност да се помести: само на момент ќе задремал, кога телото повеќе не можело да издржи. „А, еднаш ноќе поминав четири часа во заседа во влажна есенска шума“.
„Во темнина сè се слуша подобро. И без оглед на тоа какви модерни уреди користиш за ноќно набљудување, очите се мошне изморени. Ноќе повеќе се потпираш на слухот. Се вртиш на најмалиот звук“, вели Алексеј.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче