Најсовремен центар за лекување на Ковид-19: Во Русија за 18 дена никна болница-трансформер (ВИДЕО)

Скриншот, телевизиja „360“
Одлуката за реконструкција на зградата на Клиничкиот центар за рехабилитација во Звенигород е донесена уште кога во Русија имаше само неколку стотици заразени со новиот коронавирус. Изградбата почна на 20 март во 21:32. Овој важен момент го запамети за цел живот главниот лекар на болницата Виктор Барсук, па секогаш може да ги наведе не само датумот, туку и часот на почетокот на изградбата.

Еве како изгледаше клиниката на почетокот на реконструкцијата:

Според зборовите на Барсук, подмосковските градители ги надминале дури и Кинезите на кои им се восхитуваше цел свет. Тие ја изградија болницата на чистина за десет дена. А во Звенигород за неколку недели сé што се наоѓаше внатре беше срушено и повторно изградено.

Тоа не е обична зграда туку две крила на седум и три ката. Во болницата ќе има вкупно 554 кревети и секој ќе биде снабден со кислород.

Новоизградениот Центар за лекување инфективни болести е повеќе од обична болница. Остана уште да се приклучат телевизорите, видеокамерите и медицинската опрема. А потоа, откако сé ќе биде исчистено, ќе се внесат мебелот и медицинската опрема. Губернаторот го најави отворањето на болницата за понеделник, а тоа значи дека болницата тогаш ќе ги прими и првите пациенти.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња