Сакаме да ја искористиме наведената ситуација за излегување на светскиот пазар. Сметаме дека ги имаме сите услови да ги концентрираме нашите капацитети, не само во сферата на апаратите за механичка вентилација на белите дробови, туку и во производството на други сложени медицински апарати и до крајот на оваа година да направиме специјална програма, изјави тој, истакнувајќи дека во Министерството за индустрија и трговија, Министерството за економски развој и „Росстандарт“ се подготвени да дадат поддршка.
Како што истакна Бочаров, производството на медицинска техника ќе биде зголемено „како во времето на Втората светска војна“. За април е планирано осумкратно зголемување на производството, за мај 25, а за јуни 30 пати.
Според рускиот заменик-министер, врз основа на заклучоците на научнотехничкиот совет за медицинска техника, ќе биде формиран конзорциум на конструктори и производители. Неговата задача ќе биде создавање линија на домашна опрема во сите критични области врз основа на единствена дигитална платформа.
Светската здравствена организација (СЗО) препорача употреба на респиратори за лекување на пациенти заболени од коронавирусот со забрзано и отежнато дишење или ниска содржина на кислород во крвта. Апаратите за механичка вентилација на белите дробови им помагаат на луѓето кои можат да добијат пневмонија по инфекцијата и им даваат повеќе време за лекување. Русија важи за една од најдобро снабдените земји на светот со респиратори по глава на жител. Во моментов се работи на забрзано добивање сертификати за делови и опрема. Производителите ќе добијат олеснувања кои важат за економските зони, една од првите ќе биде Свердловската област, а сите претпријатија вклучени во процесот можат да сметаат на бенефити.
Првиот заменик-министер за трговија и индустрија на РФ Сергеј Циб претходно изјави дека Русија планира во текот на овој месец да произведе 500 апарати за механичка вентилација на белите дробови, во мај 2500, додека во јуни се смета на 3000.
Пандемијата на Ковид-19 практично го зафати целиот свет. Според најновите податоци на Светската здравствена организација, заразени се повеќе од 1,4 милиони луѓе, а оваа болест однесе 86 илјади животи. Во Русија се регистрирани 11917 заболени, оздравеа речиси 800 луѓе, а битката ја изгубија 94.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче