Првиот советски рачен митралез „Максим-Токарев“ (ВИДЕО)

Скриншот
Рачниот митралез „Максим-Токарев“ (МТ) е направен 1924 година.

Конструкторот Фјодор Токарев го направи врз база на митралезот „Максим“ од 1910 година. Црвената армија 1925 година го усвои овој  митралез во својот арсенал.

Видеоснимката од првиот советски рачен митралез МТ го објави порталот „Калашников.Медиа“.

„Максим-Токарев“ е првиот советски рачен митралез кој армијата го прифати пред да се појави моделот ДП-27. Тој битно се разликуваше од митралезот „Максим“ од 1910 година по полесната конструкција, но сé уште беше потежок од просекот за овој вид оружје.

Рачниот митралез „Максим-Токарев“ беше долг 1330 мм, а тежок 12,9 кг. Сите автоматски механизми ги позајми од својот прототип, така што брзината на гаѓање му изнесуваше 600 куршуми во минута.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња