Во центарот на борбената примена на ловечката авијација кои се наоѓаа во Астрахањската област, реализирана е летно-тактичка вежба со боево гаѓање. Во неа учествуваа ескадрила модернизирани повеќенаменски ловци МиГ-29ЦМТ.
Во текот на вежбата посадите на воздушно-космичките сили имаа задача да извршат пресретнување на непријателските цели во воздушниот простор, и да ја искористат можноста да ги извежбаат сите елементи на тактичка воздушна битка на кратки и на средни растојанија, вклучувајќи и уништување на цели со употреба на ненаведувачки ракетни зрна и воздухопловни топови.
Како што пренесува Интернет-порталот „Звезда“ авионите летаа во тактички формации на дежурни двојки и ловечко-пресретнувачки оддели. Целите кои беа поставени на полигонот имитираа непријателски оклопни и транспортни средства, и друга борбена и специјална техника.
Пилотите кои управуваа со леталата МиГ-29СМТ имаа задача на голема оддалеченост да детектираат формации на непријателски авиони кои имитираа напад. За одбивање на овој напад употребени беа ракети од класата „воздух-воздух“ со среден дострел. Следната етапа на вежбата беше реализација на близок воздушен бој „еден на еден“ или „двојка на двојка“, каде екипажите изведуваа цел спектар офанзивни и одбранбени тактички дејствија, при што до максимум беа употребени маневарските способности на овие летала.
Во целата вежба учествува 10 екипажи кои се наоѓаа во Астрахањскиот воздухопловен центар на ВКС.
МиГ-29СМТ претставува модернизирана верзија на МиГ-29СМ. Во однос на СМ-верзијата, подобрена му е авиониката и зголемен е просторот за гориво кој се наоѓа во карактеристичната„грпка“ зад кабината на пилотот. Со овие технички зафати авионот има значително поголем оперативен борбен радиус, а со примена на современите технологии врз погонската група и останатите компоненти на авионот, намалена е цената на неговото техничко одржување. Исто така, подобрениот радарско-електронски комплекс му овозможува употреба на цела палета „паметни“ бомби и ракети од класата „воздух-земја“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче