Кам4атка, Svoboda, Kvest: Називи на модели „Лада“ кои АвтоВАЗ ги патентираше, а не ги искористи

Global Look Press
Се појави список на „спијачи“, називи на модели на руската марка автомобили кои ѝ припаѓаат на оваа компанија.

Најголемиот руски производител на автомобили АвтоВАЗ пред неколку гони патентираше називи на возила кои во иднина би можеле да бидат искористени за модели на марката „Лада“. Весникот „Росијскаја газета“ го објави списокот на тие „спијачи“, меѓу кои се Кам4атка, Svoboda, Kvest, као и Xcite, Excite, X Path и други.

На листата се и називите Onega, Binar, Antiga, Expira, XRave, Preosa и извесниот XRay X. Судејќи според сé, последниот е наменет за една од модификациите на постојното возило Lada Xray. Правата за неколку од наведените називи АвтоВАЗ ги доби уште 2012 година, а за некои во 2015 година. Документацијата има статус на активна, така што теоретски компанијата може да ги искористи наведените називи во секој момент.

Сертификатот за заштитен знак трае десет години, меѓутоа, по истекот на рокот може да се продолжи.

Инаку, АвтоВАЗ од 1 април ги зголеми цените на сите модели во просек за 6500 рубли. Станува збор за второ зголемување на цените на автомобилите од марката Lada од почетокот на оваа година.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња