Како воздухопловните топови ГШ-23 се употребуваа во граѓанската војна во БиХ

Слободан Ѓукиќ
За време на граѓанската војна во поранешната југословенска република Босна и Херцеговина, можеа да се видат навистина необични варијанти копнени системи кои го користат вооружувањето што им е својствено на борбените летала. Една од таквите модификации е и импровизираното оружје кое на себе имаше два спарени топа со две цевки ГШ-23 кои инаку се користат во воздухопловството. Судејќи според фотографиите најверојатно станува збор за влечно оружје.

Советските топови ГШ-23 се ставени во вооружувањето на ловечките авиони од третата генерација МиГ-21бис, МиГ-21МФ и МиГ-21М. Овие авиони во голем број се наоѓаа во составот на военото воздухопловство на југословенската народна армија (ЈНА). Исто така, со топовите ГШ-23 беа вооружени и домашните лесни офанзивни авиони Г-4 Галеб и ловците-бомбардери Ј-22 Орел. Овие авиони се произведуваа во воздухопловниот завод СОКО кој се наоѓаше во Мостар „Република БиХ), потсетува Интернет-порталот РГ.

И оваа граѓанска војна, како и сите други, има произведено голем број инвентивни решенија каде воздухопловните борбени средства се ставале на различни копнени платформи (камиони и гасенични оклопни возила). Во тој поглед особено беа креативни единиците на војската на Република Српска (во најголем обем семберската бригада „Пантери“). Офанзивните единици на ВРС во својот состав имаа возила кои беа опремени со саѓи со ненаведувачки ракетни зрна кои главно ги користеа ударните хеликоптери и офанзивните бомбардери, но и ракетизираните воздухопловни бомби.

Современа примена на топовите ГШ-23 со две цевки

Впрегнатиот топ со две цевки ГШ-23 (конструкција на Грјазев и Шипунов) е наменет за опремување на ударните борбени хеликоптери Ми-24ВМ и неговите длабоко модернизирани варијанти Ми-35М. На верзијата на хеликоптерот Ми-24ВМ поставен е специјален подвижен носач НППУ-23 (рус. Несъемная Подвижная Пушечная Установка) на кој е монтиран топот ГШ-23, наместо дотогашниот тежок ротациски митралез ЈакБ-12.7 со 4 цевки, пренесува српскиот Интернет-портал marsonline.

Интересно е да се истакне дека овој производ е заснован на германските технологии што ги има разработено Карл Гаст и неговата компанија... Основниот принцип на работа на системот ГШ-23 се состојат во тоа отворањето на огнот од една цевка го придржува механизмот на втората цевка. Штом една од цевките ќе исфрли проектил во втората се уфрла нов. Благодарение на овој принцип топот со две цевки двократно е поекономичен од оној со една цевка.

Ефективниот дострел на овие топови е до 2.000 метри. Неговата основна карактеристика е исклучително висока брзина на огнот, која во зависност од брзината на овој топ може да достигне вредности и до 3.4000 гранати во минута. Кога станува збор за борбата против воздушните цели, овој топ неколку пати ја надминува моќноста на нешто посилниот топ ГШ-30 со калибар од 30 милиметри. Исклучително високата почетна брзина на гранатите (1.000 метри во секунда) во комбинација со нивната маса е доволно да се неутрализира голем број средно оклопени цели на земјата и во воздухот, на средна и на блиска оддалеченост. Особено е опасен за непријателската жива сила која често не можат да ја заштитат вештачките препреки (куќи, импровизирани скривници), како и моторизирани колони кои се составени од оклопни автомобили и транспортери.

Основни техничко-тактички карактеристики

  • Платформи: Ударни хеликоптери Ми-24ВМ и Ми-35М

  • Калибар: 23мм

  • Број на топовски цевки: 2

  • Брзина на истрели во минута: 2.500-3.400 гранати

  • Почетна брзина на гранатата: 715-1000 м/сек.

  • Ефективен дострел: до 2000 м

  • Должина на цевката: 1,537 м

  • Ширина: 0,165м

  • Висина: 0,168м

  • Маса: 50кг

  • Борбен комплет: 450 гранати

  • Управување со огнот: Електрично

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња