Фабриките на падобранското одделение на холдингот „Технодинамика“ на државната корпорација „Ростех“ започнаа со производство на заштитни маски и одела, велат од службата за односи со јавноста на „Технодинамика“.
„Во овој момент во три фабрики е во тек пренасочување на погоните за шиење кон производство на средства за лична заштита. Холдингот е подготвен да го доведе месечното производство до милион примероци на маски со постепено зголемување“, порачуваат од оваа компанија.
Како што се наведува, планирано е производството на средства за лична заштита да се одвива во Фабриката за производство на падобрани „Полет“ во Иваново, Машинската фабрика во Солнечногорск, како и во Научноистражувачкиот институт за дизајн и производство на падобрани.
„Во претстојните две до три недели ќе изработиме повеќе од 500 илјади производи, со планирано зголемување на производството во наредниот период“, рече генералниот директор на холдингот „Технодинамика“ Игор Насенков.
Според него, производството на заштитни производи нема да влијае на државните нарачки ниту на исполнувањето на обврските спрема партнерите на холдингот. Во фабриките се применуваат мерки на зголемена санитарна заштита.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче