Русите работат во три групи и вршат комплетна процедура на дезинфекција во три објекти дневно, рече заменик-командирот на комбинираната единица во Србија, полковник Максим Сологубов, а неговите зборови ги пренесува информативната служба на Министерството за одбрана на РФ.
Руските воени стручњаци во оваа работа користат преносни модули за дезинфекција: „Тоа е најновиот модел на техника што ја поседуваат единиците за радиолошка, хемиска и биолошка заштита на Вооружените сили на Руската Федерација“, додаде тој.
Полковник Максим Сологубов / МO на РФ
„Ги обработуваме катовите од најдалечниот агол кон излезот, одозгора надолу. Го дезинфицираме целиот мебел, плафоните и подовите. Тоа не е ништо комплицирано, само што поминуваме многу време во заштитни комбинезони и е голем обемот на работата“, објасни командирот на единицата за специјална санитарно-хигиенска процедура на Министерството за одбрана на РФ, капетан Сергеј Кабитов.
Капетан Сергеj Кабитов / МО на РФ
Колегите од српската армија со благодарност ја дочекаа руската помош.
„Руската армија во овие тешки времиња најде доволно сила, време, луѓе и желба да дојде и да му помогне на нашиот народ во борбата со инфекцијата на Covid-19“, нагласи заменик-началникот на Военомедицинската академија, бригадниот генерал Драган Динчиќ. „Безгранични се нашата благодарност и задоволството што се со нас во овие најтешки времиња. Ова за нас значи огромна помош, пред сé поради вашата практична работа, како во Военомедицинската академија, така и во другите болници ширум Србија“.
Драган Динчиќ / МО на РФ
Генералот додаде дека ВМА по постапката на дезинфекција повторно ќе може да прима пациенти.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче