Присуството на антитела за новиот коронавирус во Русија прво ќе биде испитано кај граѓаните кои спаѓаат во ризичните групи, како и кај оние кои веќе ја прележале инфекцијата Ковид-19, изјави за телевизиската станица „Москва 24“ директорот на Научно-истражувачкиот центар за превенција и лекување на вирусни инфекции Георгиј Викулов, пренесува Лента.ру.
Според него, во овој момент треба да се утврди дали во оној дел на населението кој не заболел од Ковид-19 постои имунитет на вирусот. Тестирањето на заразените ќе биде од полза во смислувањето на поефикасно лекување.
Како што истакна Викулов, таквата анализа ќе биде добредојдена при тестирањето на новата вакцина. „Антителата секогаш се проверуваат кога се работи за започнување кампањи на вакцинација“, објасни тој.
Претходно од „Роспотребнадзор“ изјавија дека наредниве денови во Русија ќе биде регистриран систем за тестирање на антитела за коронавирус со помош на кој ќе бидат утврдени размерите на колективниот имунитет. Во овој момент се вршат тестирања на оние кои ја прележале инфекцијата, вклучувајќи го и таканаречениот асимптоматски облик на зараза.
Според информациите заклучно со вчерашниот ден, во Русија во 80 региони со новиот коронавирус се заразени 6343 лица од кои 4484 во Москва. Починаа повеќе од 50 лица.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче