Во зависност од формациското место кое го имаат во единицата, се „калат“ исклучителни стрелци кога е во прашање прецизното стрелечко оружје (снајперски пушки со различен калибар) или митралесци. Притоа специјалците освен со домашно, доаѓаат во контакт и со странски типови стрелечко оружје и специјална тактичка опрема.
На видеоматеријалот се гледа дел од вештините на припадник на руските специјални сили кој е посебно обучен за работи за обезбедување важни личности. Овие луѓе освен исклучителни психофизички способности, мораат да бидат врвни познавачи на стрелечкото оружје и неговата ефикасна употреба, со посебен фокус на пиштоли, автомати и компактни „скратени“ верзии на автоматски пушки, како што е, на пример, АК-74У.
Во временска рамка што се мери во секунди тие мораат да ја неутрализираат заканата или повеќе закани, но и со своите тела да го заштитат главниот објект на нападот, односно атентатот. Сé се увежбува до автоматизам, со тоа што во итни ситуации се користи и вродениот инстинкт кој е многу важен при селекцијата, но и обучувањето на овие кадри.
Главниот фокус е врз брзата реакција и организацијата на концентриран противудар (оган на оган), со енергично извлекување на целта на нападот од поприштето на судирот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.