Дожд од олово: Роcгвардија добива автомати со голема брзина на стрелба СР-2МП „Вереск“

Youtube
Единиците кои се наоѓаат во структурата на Росгвардија можат во блиска перспектива да ги добијат првите контингенти компактен автомат „Вереск“. Модел СР-2МП во овој момент се тестира во единиците на националната гарда на Руската Федерација. Главните предности на автоматот СР-2МП се исклучителната компактност и ергономичноста (може да се дејствува практично со една рака), големата огнена моќ, завидната прецизност на гаѓањето, како и пробојноста на муницијата со калибар 9х21 мм на блиски дистанци.

Овој автомат кој користи муниција со калибар  9х21мм е многу употреблив во услови на блиска борба во градско/урбано опкружување. Неговиот куршум има доволно пробојна моќ да уништи непријателска жива сила која на себе има индивидуални средства за балистичка заштита од втора класа (панцири и шлемови), пренесува веб-порталот РГ.

„Вереск“ е развиен 1999 година. Проектиран е за потребите на руските специјални единици. Има метален кундак на преклопување кој се врти во спротивна насока во однос, на пример, на стандардната југословенска автоматска пушка М70АБ-2 (се преклопува преку горниот сандак на затворачот). Механизмот е карактеристичен за автоматското оружје и се состои од ротирачки затворач кој работи на принцип на позајмица на барутни гасови.

На левата страна на оружјето се наоѓа лост со кој се овозможува дејство во два режима (единечна и рафална стрелба), додека од десната страна се наоѓа кочницата. Од левата страна на ракофатот се наоѓа копче за отпуштање на рамката (утврдувач на рамката). На горниот дел од автоматот е интегрирана Пикатини-шина за закачување тактички додатоци, како на пример рефлексни нишани. На предниот дел од оружјето се наоѓа ракофатот, кој во зависност од ситуацијата може да се склопи. Исто така, на бочниот дел е монтирана и една помала Пикатини-шина со ласерски обележувач на цел. Последната верзија на автоматот СР-2МП има специфичен разбивач на огнот кој поради исклучителната компактност на оружјето спречува директен контакт на предната рака на корисникот со врелата цевка. Ова е особено индикативно кога при дејство се употребува на предниот ракофат. Автоматот може да биде опремен и со адекватен придушувач.

Ефективниот дострел на автоматот е 150-200 метри. Капацитетот на рамката е 20 и 30 куршуми. Се одликува со исклучително голема брзина на стрелба која изнесува 900 куршуми во минута. Главните предности на автоматот СР-2МП се неговата исклучителна компактност и ергономичноста (може да се дејствува практично со една рака), големата огнена моќ, завидната прецизност на гаѓањето, како и пробојноста на муницијата со калибар 9х21 мм на блиски растојанија.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња