Почна производството на теренски пикап Lada 4x4

Теренски пикап LADA 4×4

Теренски пикап LADA 4×4

Lada 4x4
Компанијата „ВИС-Авто“ од Толјати (компанија-ќерка на „АвтоВАЗ“) почна да произведува специјална верзија на возилото Lada 4x4 со товарен простор и џиновски гуми под низок притисок.

Теренскиот пикап е предвиден за движење по мочуришта и снег. Направен е врз база на пикапот ВИС-23461, а се користени делови од обичниот теренец LADA 4×4, како и од моделите LADA 4×4 Bronto и LADA Priora.

Теренски пикап LADA 4×4

Како што соопштува порталот „Автоновости дња“ (Автоновости дня“), ова возило има исти карактеристики и опрема како обичен теренски пикап со носечка конструкција. Исклучок се само огромните гуми под низок притисок и страничните редуктори.

Конструкцијата на теренецот стои на независна суспензија со пружини, има погон на сите четири тркала (AWD), блокада на диференцијалот, редуктори и мостови од моделот LADA 4×4 Bronto. Има атмосферски мотор од „Нива“ со запремнина од 1,7 л и моќност од 83 КС и механички менувач со пет брзини.

Внатрешниот дизајн е позајмен од моделот LADA 4×4 пред рестајлингот, со тоа што му е додадена командната табла што ја има LADA Priora, а исто така и пространа касета, како и современ систем за греење и вентилација. Покрај тоа, новиот теренец доби покомфорни седишта со развиена бочна поддршка, широко задно седиште со два потпирачи за глава, тавански тапацир со вграден блок за навигација ЭРА-ГЛОНАСС и нова опшивка на лајсните на ветробранското стакло.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња