Воените лица ги подготвија техничките средства, медицинската и заштитната опрема, а исто така го прегледаа и подрачјето на претстојните работи. На територијата на Воено-медицинската академија на Вооружените сили на Србија се наоѓа привремениот возен парк на руските стручњаци.
Министерство за одбрана на РФ
Ден претходно беше одржан состанок со претставници на министерствата за одбрана и здравство на Србија, во текот на кој беа утврдени задачите за руската војска во борбата против коронавирусната инфекција, соопштува Министерството за одбрана на Русија.
Двете најважни медицински организации на Белград беа избрани како примарни објекти за работа. Правата е Гинеколошко-акушерската клиника „Народни фронт“, втората е Клиничко-болничкиот центар „Д-р Драгиша Мишовиќ“, каде се изолирани и се лекуваат пациенти со тешка и умерена тежина на коронавирусна инфекција.
Руските медицински тимови се вклучуваат во анализа на епидемиолошката ситуација, ги советуваат и обучуваат српските колеги како да ги организираат карантинските и дезинфекциските мерки, а потоа и директно да им укажуваат медицинска нега на пациентите.
Единиците за радијациска, хемиска и биолошка заштита и специјалната воена техника се вклучени во санитарната обработка и дезинфекцијата на медицинските установи. За еден ден беа дезинфицирани повеќе од 60 илјади квадратни метри простории и 5000 квадратни метри територија на болницата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче