Се појави фотографија на митралезец на 604 центар за специјална намена „Витези“ со оружјето (ФОТО)

Youtube
604 центар за специјална намена на внатрешните сили на МВР на Русија претставува една од најелитните единици на руските безбедносни сили воопшто. Формиран е на 1 септември 2008 година на база на расформираните одреди за специјална намена „Рус“ и „Витези“ кои се одликуваа со големо воено искуство стекнато на просторот на Кавказот. Во првите години од неговото постоење основниот костур на единицата беа борци на овие два одреда.

Овој митралез претставува основно вооружување за огнена поддршка кога станува збор за единиците на руската армија и на МВР. „Печенег“ настана врз база на познатиот советски митралез ПКМ. Конструкторите на рускиот институт ЦНИИточмаш го развија во 1995 година. Во вооружувањето е воведен 2001 година. Сериски го произведуваат заводите ЦНИИточмаш и Дегтјарев. Со голем успех се користеше во конфликтите на Кавказ (Чеченија и Грузија), како и во Сирија. Врз основа на воената експлоатација руските конструктори врз негова основа развија уште неколку модификации. Генерално, го одликуваат високи оцени кога е во прашање сигурноста (во сите временски услови), како и издржливоста. Покрај тоа, митралезот се одликува со исклучително голема огнена моќ.

Митралезот е долг 1155 мм, а неговата маса се движи од 8,2-12,7 килограми. Должината на митралеската цевка изнесува 658 мм. Нејзиниот ресурс изнесува најмалку 25 илјади истрелани куршуми во интензивен режим на стрелба. Генерално, ригидните тестирања покажаа дека митралезот одлично поднесува оптоварување од 10 илјади истрелани куршуми во временска рамка од еден час. „Печенег“ се полни со реденици со капацитет од 100, 200 и 250 куршуми. Користи муниција со калиабр 7,62 мм (зрно 7,62х54R). Неговата почетна брзина на устата на цевката е 825 м/сек. Ефективниот дострел е до 1500 метри. Брзината на стрелба е околу 650 куршуми во минута. На телото на митралезот се додаваат тнр. „Пикатини“ шини кои служат за монтирање на различни тактички додатоци (главни разни видови нишани, предни ракофати и сл.).

604 центар за специјална намена на внатрешните сили на МВР на Русија претставува една од најелитните единици на руските безбедносни сили воопшто. Формиран е на 1 септември 2008 година на база на расформираните одреди за специјална намена „Рус“ и „Витези“ кои се одликуваа со големо воено искуство стекнато на просторот на Кавказот. Во првите години од неговото постоење основниот костур на единицата беа борци на овие два одреда.

Неговата формациска структура е позајмена од единиците кои се наоѓаат во рамките на Центарот за специјална намена на ФСБ на РФ. Со текот на времето во неговиот состав влегоа целосно нови формациски единици како што се водови опремени со специјални едрилици, тактички групи за специјална намена и извидување (офицерски состав), групи за огнена поддршка, група за специјална инженериска поддршка, групи специјализирани за воздушно извидување и наведување (беспилотни летала), нуркачка специјална група. Во рамките на единицата се наоѓа и воздухопловно-падобранска компонента стационирана на аеродромот „Ермолино“. Речиси сите припадници на 604 центар се искусни падобранци кои поминале напредни форми на падобранско-десантна обука (употреба на сите видови падобрани, едрилици, параглајдинг).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња