Како што пишува весникот „Московски комосомолец“, во гратчето Громо се забележани неколку случаи кога луѓе со коронавирус едноставно заспале и повеќе не се разбудиле. Се истакнува дека пред смртниот исход кај нив не пројавувале сериозни симптоми на болеста.
Во такви „чудни“ околности починале најмалку петмина болни во еден дом за стари лица каде што работат и медицинарите-доброволци од Русија, пишува наведениот весник.
Во италијанските домови за стари лица, каде што се упатени руските екипи за медицинска помош, се дезинфицираат ходниците, собите и трпезариите. Покрај домот за стари лица „Сан Лоренцо“ во населбата Громо, руските стручњаци ги дезинфицираа и улиците на соседното гратче Валбондионе.
Руските воени лекари-епидемиолози и стручњаците на единиците за радиолошка, хемиска и биолошка заштита заедно со италијанските воени експерти извршија комплетна санитарна процедура за дезинфекција во 17 домови за стари лица во градовите на Ломбардија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче