Руската војската низ целата земја отвора болници за заразените со коронавирус

Министерството за одбрана на Русија
Модуларни медицински центри забрзани се градат во сите региони, од Калининград до Камчатка.

Министерството за одбрана на РФ од крајот на март низ цела Русија почна да гради мултифункционални воени медицински центри за борба со коронавирусот.

Според претставник на армијата, се работи во три смени. Првиот ваков објект во Нижни Новгород (400 километри од Москва) ќе биде ставен во функција веќе кон средината на април, а кон средината на мај првите осум центри ќе добијат нов комплет медицинска опрема неопходна за лекување на новата болест.

„Над 3.500 стручњаци и 800 машини деноноќно се ангажирани на градилиштата во три смени. На сите објекти веќе е завршено излевањето темели и сега веќе започна фазата на монтажа на објектите“, се вели во соопштението.

Како што тврдат претставници на Министерството за одбрана, темпото на изградбата е забрзано во согласност со указот на претседателот. Владата на Русија за изградба на овие проекти издвои 8.8 милијарди рубли (околу 110 милиони американски долари)

Според првите проценки, медицинските центри ќе можат да примат околу 1.600 пациенти.

Како што се вели во изјавата на Тимур Иванов, заменик-министер за одбрана на РФ, медицинските центри се градат во најкус можен рок 0 од 40 до 56 дена, а нивната вкупна површина ќе изнесува околу 115.000 квадратни метри.

„Сите нови армиски и морнарички болници ќе бидат опремени со најсовремена медицинска опрема, меѓу другото и со компјутерски томографи, апарати за анестезија, ендоскопија и екстракорпорална мембранска оксигенација. За идните центри веќе се формираат неопходните резерви на лекови и средства за индивидуална заштита“, се истакнува во соопштението на Министерството за одбрана на РФ.

Како ќе се лекуваат болните?

Со лекување на болните од коронавирусот ќе се занимаваат пред сè лекарите од единиците за радиолошка, хемиска и биолошка заштита.

Во време на војна овие единици на терен се занимаваат со отстранување на последиците од примена на оружје за масовно уништување, а во мирнодопски услови учествуваат во лекување на епидемии и вируси. На пример, пред неколку години беа ангажирани за време на епидемијата на ебола во Африка.

Потсетуваме дека токму овие руски стручњаци денес дејствуваат во Италија, каде се борат против пандемијата на коронавирусот во северот на земјата.

„По завршувањето на оваа мисија 'италијанските' лекари ќе бидат упатени во новите објекти, каде ќе ги лекуваат заболените од 'европскиот' коронавирус, вели за Russia Beyond поранешниот воен аналитичар на весникот „Известија“ Дмитриј Сафонов.

Како што објасни тој, геномот на коронавирусот во Европа и во Кина се разликува, така што во овие региони и лекувањето на заразата е во извесна мера различно.

„Русија веќе го дешифрираше геномот на кинескиот коронавирус, а сега се занимава со неговиот европски код. Кога лекарите ќе ги добијат сите потребни податоци поврзани со оваа болест ќе можат да направат ефикасен лек против сите постоечки видови коронавирус“, додаде аналитичарот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња