Лејкин во интервју за телевизија RT рече дека РНК-вирусите, во кои спаѓа и предизвикувачот на болеста COVID-19, имаат „уникатна“ карактеристика да мутираат многу бргу.
Тој истакна дека вирусните честички при генерирањето во клетката не се повторуваат. Според него, кога кинеските лекари испратија во светот неколку десетици соеви вируси изолирани за време на епидемијата во нивната земја, во нив веќе имало 1149 мутации.
Рускиот интернист прецизира дека во популацијата на дивите животни циркулираат неколку стотици соеви на коронавирус, а во човечката популација ги има околу 40.
„Коронавирусите се причинители на 15% сезонски инфекции“, додаде тој.
Лекарот објаснува дека оваа група вируси предизвикува акутни респираторни инфекции и често симптомите на предизвиканата болест се сведуваат на кивавица и кашлица.
„Коронавирусот има можност да го разменува својот генетски материјал со други честички. Тоа е таканаречената рекомбинација. Примопредавањето на генетскиот материјал е можно и со соеви на вируси на диви животни, што се и случи во Кина“, заклучува Лејкин.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче