На видеоматеријалот настанат при крајот на минатата година се гледа како руски товарни камиони транспортираат авион-ловец Су-27. Видливо е дека леталото во голема мера расклопено и дека неговите делови се превезуваат во повеќе возила кои формираат колона. Според првичните информации, се работи за авион-ловец Су-27УБ (евиденциски број 62 „Црвен“).
Су-27УБ е школско-борбена варијанта на леталото-двосед. Во периодот од 1986-1998 година воздухопловната фабрика „Иркут“ комплетираше 120 летала од оваа модификација.
Освен во руската армија, Су-27УБ се наоѓа во вооружувањето на украинското и белоруското воено воздухопловство. Неговата основна намена е практична обука на летачки кадар за служба во ескадрилите на ловечката авијација. Покрај оваа намена, авионот е во целост оспособен за извршување стандардни ловечко-бомбардерски задачи. На 10 надворешни точки може да носи до 6000 килограми убојни средства.
Су-27 е повеќенаменски авион-ловец од четвртата генерација. Наменет е за пресретнување и уништување широк спектар воздушни цели кои можат да се наоѓаат далеку од местото на базирање на ловците Су-27 (голем оперативен радиус). Максималната брзина што ја постигнува авионот е 2430 км/час. Плафонот на летање се наоѓа на 18000 метри. Авионот е опремен со воздухопловен топ со калибар 30 мм. Од ракетно вооружување може да употребува пет различни типови ракети „воздух-воздух“ и три типа воздухопловни бомби.
На почетокот на 21 век руските авиоконструктори развија врз база на него унапредена варијанта која ја носи ознаката Су-27СМ. Неговиот прв лет се реализираше на 27 декември 2002 година. Кај овој авион е длабоко модернизиран неговиот напаѓачко-навигациски комплекс, особено кога е во прашање унапредувањето на авионот за ловечко-пресретнувачки дејствија и удари врз површински бродови (ракета Х-31А „Криптон“). Модернизирани се двете компоненти на напаѓачко-навигацискиот комплекс (радарската и оптоелектронската), интегрирани се дополнителни повеќенаменски индикатори во кабината на леталото, унапреден е индикаторот на шлемот (систем за нишанење „Сура-К“).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче