Ова за РИА „Новости“ го соопшти примариусот на болницата во Комунарка Денис Проценко.
„Исклучително се актуелни за време на епидемијата. Понуден ни е проектот smart glass (паметни очила) во кој ја согледавме реалната полза во услови на епидемија“, рече тој.
Според него, на тој начин се сведува на минимум опасноста експертот да биде заразен, како и времето потребно да се стигне до болниот во критична состојба. „Се создава и можност за одржување конзилиум. Се собираме во една виртуелна просторија каде лекарите од место го покажуваат она што сакаме да го видиме кај пациентот“, објасни Проценко.
Паметни очила на компанијата Epson.
Reuters„Немаше никаков сомнеж дека треба да го користиме тоа. Раководството на штабот го поддржа овој проект и во текот на вчерашниот ден „паметни очила“ беа доставени во три центри – во 67 болница, на клиниката „Склифосовски“ и во Комунарка. До понеделник ќе бидат доставени во сите центри“, соопшти примариусот на болницата во Комунарка.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче