Кинески медиуми: Зошто ни е потребен рускиот ПВО-систем С-400 „Триумф“?

Vitaly V. Kuzmin/www.vitalykuzmin.net
Што се однесува до ракетниот систем С-400, голем број воени експерти веруваат дека во реален судир „Триумф“ би бил мошне убоит против специјални летала за радарско откривање и командување („летечки радари“). Со соборување на овие авиони во огромна мера би се компромитирал успехот на противничката авијација, така што армијата која во своето вооружување го има ракетниот систем С-400 би можела да се здобие со стратешка предност во потенцијален судир.

На сите им е познато дека руската воена индустрија (особено секторот што се занимава со производство на исклучително сложени системи) е многу добро развиена и дека многу држави сакаат да ги видат во својот арсенал новите ракетни системи кои ги произведува токму оваа држава. Неодамна руски претставник на воено-индустрискиот комплекс изјави дека Кина веќе набавила од Русија одредена количина ракетни системи С-400 „Триумф“. Покрај НР Кина, за овој систем животно е заинтересирана уште една многу населена и површински голема азиска држава. Се разбира, се работи за Република Индија.

Во меѓувреме, руската воена индустрија и понатаму ги модернизира своите системи, кои имаат сé подобри параметри кога е во прашање ефективниот дострел на ракетите со активно радарско наведување. Сепак е тешко во овој момент да се каже дали кинеските системи набавувани во Русија се доведени на такво ниво.

Основната причина за големата заинтересираност на различни држави во светот за набавка на ракетните системи С-400 „Триумф“ е сознанието дека нивните ракети можат да погодат аеродинамични цели на далечини и до 400 км, што не може да го стори ниеден ПВО-систем кој денес се произведува во светот. Покрај тоа, рускиот систем во однос на своите американски пандани има поголем дострел и кога е во прашање зоната на пресретнување на балистички ракети, што претставува исклучително важна способност. Овој ракетен систем и во годините што доаѓаат ќе биде основната база врз која ќе почива целокупниот концепт на руската противвоздухопловна одбрана.

Без оглед на тоа што голем дел на кинеската противвоздухопловна одбрана е опремен со домашни средства од типот на „Хунци-9“ (HQ-9), нивната цена при самото производство е многу висока. Затоаа, доколку Кина сака во целост да го модернизира вооружувањето на војската, целата операција од гледна точка на финансирањето може да стане сериозна главоболка. И претходно поголемиот дел на кинеската ПВО беше опремен со претходната генерација руски системи С-300. Наредната генерација системи која ја носи ознаката С-400 практично претставува ист систем само длабоко унапреден. Неговата цена на изработка во споредба со кинескиот пандан „Хунци-9“ е значително пониска. Покрај тоа, воведувањето на странски противвоздухопловни системи може да ѝ помогне на Кина да ги усвои искуствата на другите земји, но и да ја проучи технологијата со цел подобрување на развојот и производството на сопствени системи за противвоздухоопловна одбрана.

Што се однесува до ракетниот систем С-400, голем број воени експерти веруваат дека во реален судир „Триумф“ би бил мошне убоит против специјални летала за радарско откривање и командување („летечки радари“). Со соборување на овие авиони во огромна мера би се компромитирал успехот на противничката авијација, така што армијата која во своето вооружување го има ракетниот систем С-400 би можела да се здобие со стратешка предност во потенцијален судир.

Основната причина за набавка на овие системи е нивната висока способност при изведување на интензивна одбранбена битка, но и за организација на силен противудар по непријателот кој се наоѓа на големи далечини, како и за ефикасно покривање на зоните над периферните делови на НР Кина. На пример, кинеската армија со овие средства може ефикасно да ја покрие зоната што се наоѓа над островите Сенкаку во Источното Кинеско море, што е многу важен факт.

Противвоздухопловните ракетни системи со вака нагласени тактичко-технички способности можат да послужат како квалитетно средство за одвраќање кога се во прашање противничките авиони за далечно радарско набљудување (AWACS), како и различните варијанти на шпионски летала кои оперираат далеку од кинескиот воздушен простор. Кога кинеската армија ќе го заврши комплетирањето на своите единици со овие системи, тогаш Военото воздухопловство на САД ќе има големи проблеми безбедно да ги надгледува кинеските граници.

Рускиот противвоздушен систем С-400 „Триумф“ е наменет за борба против сите современи и перспективни средства на воздушно-космичкото оружје. Неговиот максимален хоризонтален дострел е околу 400 км (ракета 40Н6Е), додека во височина дејствува и до 35 км.

Формациски, во рамките на еден дивизион најчесто има 2-3 батерии на овој систем, со вкупно 8-12 транспортно-лансирни единици. Значи, еден дивизион во својот состав има 48 ракети подготвени за моментално дејство. Цел ракетен полк хипотетички може да нападне 96 непријателски воздушни цели во оперативен борбен радиус до 400 км.

Прочитајте повеќе: Сè што е потребно да знаете за системот С-400 „Триумф“

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња